Сон на секое миленичеБесплатна достава над 2.000 ден.Пон–Саб 10:00–22:00 · Нед и празници 10:00–20:00Внимателно одбрано, со многу љубов02 308 3043

Нашата приказна

Мала продавница, големо срце

Сè започна во 1994 година, со една мала продавница и една голема љубов. Тогаш ги отворивме вратите на „ВИДРА – зоомаркет“, со едноставна идеја: секој домашен миленик заслужува најдобро, а секој сопственик заслужува некој што ќе го разбере.

Три децении подоцна, таа идеја не се промени. Сè уште веруваме дека милениците не се „само животни“, туку членови на семејството: оние што нè дочекуваат на врата, што ни ги топлат колената и што ни ги прават деновите посветли. Затоа секој производ на нашите полици го избираме со иста грижа со која би го избрале за своите миленици.

Нудиме храна, опрема и акцесоари, како и заштита за вашите крзнени и пердувести пријатели. Работиме со специјално одбрани брендови кои ги исполнуваат нашите високи стандарди за квалитет, бидејќи здравјето и среќата на вашиот миленик не се нешто за што правиме компромиси. Зад секоја препорака стојат годините искуство, знаењето и искрената посветеност на нашиот тим.

Времињата се менуваат, а со нив и начинот на кој живееме. Затоа ја отворивме нашата веб-продавница: за да ви биде поудобно, да заштедите време и да го добиете сè што ви треба брзо и ефикасно, без да излегувате од дома. Истиот квалитет и истата грижа, сега на само неколку клика од вас.

Комплетното искуство додека одбирате, е во шепите на нашите двајца главни „вработени“ Белка и Стрелка. Куче и маче кои ја водат нашата онлајн продавница со многу ентузијазам и 24 часа работно време секој ден во неделата. Официјално, тие се задолжени за контрола на квалитет. Неофицијално, секоја пратка ја проверуваат дали има нешто за грицкање. Досега не се договориле кој е шеф, но едно е сигурно: вашите миленици се во добри шепи. 🐾

Полици со храна за кучиња и мачки во продавницата
Опрема, нега и аксесоари на полиците
Кревети и играчки за миленици
Голем избор храна за мачки
Полици со суви и влажни оброци
Дел од понудата на Royal Canin
Кај нас во продавницата

Квалитетни производи

Проверени брендови и свежа залиха — без прашина по ќошиња.

Внимателно одбрано

Мал избор, ама вистински. Сè е тестирано на терен — во нашиот дом.

Љубовта на прво место

Ќе те пречекаме со насмевка, а твоето куче — со мазнење и закуска.

Контактирај нè

Работно време

Понеделник – Сабота
10:00–22:00
Недела и празници
10:00–20:00
Или нарачај онлајн — 24/7
За нас • Тина Вет — Пет Шоп